Немањето керозин е причина за авионската несреќа во Русија?


Во пад на патнички авион во Ростов, Русија, загинаа сите 62-ца патници и членови на екипажот. Боингот, според првичните информации, поради невреме ја промашил пистата.

Во авионот на авиокомпанијата ФлајДубаи патувале главно туристи кои се враќале од одмор од Арапските Емирати. Никој не ја преживеа несреќата, вклучително и екипажот од седум членови. Меѓу загинатите има и деца.av3-300x200

Несреќата се случила во 01:50 часот по локално време. Боингот паднал на околу 100 до 150 метри оддалеченост од пистата. Несреќата се случила најверојатно поради силниот дожд и ветер со брзина до 110 километри на час. „Сѐ се случи во близина на аеродромот. Времето беше толку лошо, што екипажот не можел да се снајде. Пилотот се обидел по втор пат да го спушти авионот, но не успеал во такви услови“, изјави еден руски експерт за летање во првичните анализи по несреќата

Во меѓувреме е познато дека авионот кружел речиси два часа над регионот. И авион на Аерофлот во тоа време се обидел три пати да слета на аеродромот, но потоа одлетал на аеродромот во Краснодар, оддалечен 250 километри. Таков бил случајот и со еден авион од Прага. Авион од Истанбул дури се вратил назад на аеродромот од каде што полетал.E-540x400

Сега се шпекулира околу тоа дали Боингот можеби немал доволно керозин, па пилотот затоа се обидел да слета по втор пат. Гувернерот во тој руски регион издаде налог за основање кризен штаб. Претседателот Владимир Путин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и вети итна помош и целосно расветлување на несреќата. Аеродромот е затворен на неопределено време, а психолози на лице место се грижат за роднините на жртвите. Недела е прогласена за ден на жалост во регионот.
Откако руски туристи веќе не смеат да патуваат во Турција и Египет, голем број Руси одат во Арапски Емирати. Летот од Ростов за Дубаи трае околу четири часа. Боингот 737-800 бил стар само пет години и технички проблем во моментов е речиси исклучен. Дали аеродромската кула поради бурата требало можеби да биде затворена, е прашање на чие расчистување се работи. Меѓутоа, како што велат експертите, одлуката за слетување ја носат пилотите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1