Примерок од книгата на Хитлер продаден за над 20.000 долари


Авторскиот примерок на книгата „Мојата борба“ (Mein Kampf) на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, пронајдена во неговиот стан во Минхен, продаден е во САД за 20.655 американски долари.

Книгата во повез од црвена кожа ја пронашле американски војници кои влегле во Минхен по завршувањето на Втората светска војна, наведе аукциската куќа Alexander Historical Auctions.hitler main kampf

Според нив, се претпоставува дека Хитлер ја задржал кај себе како можен подарок за некој близок.

Книгата ја потпишале 11 офицери, припадници на баталјон на полска артилерија на 45-та пешадиска дивизија на американската војна, првите американски војници кои влегле во Минхен. „Од станот на Адолф Хитлер, 2-ри мај 2945-та’, напишал еден од офицерите потпишувајќи се, а по него се потпишале уште десет офицери.

Не е наведено кој ја понудил книгата на наддавање, ниту кој е новиот сопственик. Во 2015 година во медиумите се појави писмо од ќерката на капетанот Даниел Ален, кој служел во споменатата единица, во кое беше наведено дека таа му припаѓала на нејзиниот татко, кој ја донел книгата дома кон крајот на војната.

На наддавањето одржано во Чиспик, во сојзуната држава Мериленд, се јавиле повеќе од десет понудувачи, кои наддавале преку телефон и интернет. Пред продажбата книгата беше проценета меѓу 12 и 15 илјади долари.

Кон крајот на март 2015 година, откако во текот на наддавањето во Лос Анџелес не стигна ниедна понуда за потпишаното прво издание на книгата „Mein Kampf“ коешто Хитлер му го подарил на еден од првите членови на неговата Националсоцијалистичката партија, книгата беше сепак продадена по аукција. Аукциската куќа Nate D. Sanders од Лос Анџелес потврди дека книгата со посветата од Адолф Хитлер за Филип Боулер, еден од првите германски нацисти, е продадена по наддавањето.

Почетната цена за книгата во два тома изнесуваше 35 илјади американски долари, а анонимниот купувач вкупно за потпишаниот злогласен манифест на нацистичкиот фирер платил 43.750 долари, што ја вклучува и провизијата за аукциската куќа.

Точно една година претходно, во март 2014-та, беше објавено дека двата тома од идеолошкиот памфлет на Адолф Хитлер „Mein Kampf” со негова посвета, се продадени на наддавање во Лос Анџелес за речиси 65 илјади американски долари, исто така, од аукциската куќа Nate D. Sanders Auctions.

Тие два тома го носат потписот на Адолф Хитлер со посвета за Јозеф Бауер, еден од првите членови на германската Нацистичка партија и особено близок на подоцнежниот фирер.

Тогаш беа продадени за 64.850 долари, надминувајќи ја повеќекратно процената којашто се движеше околу 25 илјади долари. На наддавањето тогаш учествуваа единаесет лица, но не беше откриено кој е сопственик на ретките примероци од делото на нацистичкиот водач.

Во посветите кои ги носат датумите од 1925 и 1926 година, Хитлер му посакува среќен Божик на Бауер, еден од учесниците на неуспешниот преврат во Минхен 1923 година поради што Хитлер бил затворен неколку месеци кога и ја напишал „Mein Kampf” во 1924 година. Постојат инаку мал број примероци од тој период потпишани лично од Хитлер, посветени на најблиските негови соработници.

Во книгата младиот Хитлер ја поставува својата политичка доктрина обвинувајќи ги за тогашната лоша состојба и мизерен живот во опустошената Германија повеќе групи, како Евреите и марксистите.

Откако Хитлер дошол на власт во 1933 година, биле отпечатени милиони копии, а од 1936 година нацистичката власт на сите млади двојки им подарувала по еден комплет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1