Неможе кој сака да купи оружје во Њујорк – донесен построг закон


Њујорк денеска, како што сметаат приврзaниците, го усвои досега најстрогиот закон за поседување оружје и со тоа стана првата американска држава која ги усвои новите ограничувања во оваа област, по минатомесечниот масакр во основното училиште во Конектикат

Congresswoman ShotПратениците во Долниот дом на Државното собрание денеска со 104 гласа „за“ и 43 „против“ ги изгласаа новите мерки, откако истото во понеделникот го одобри и Горниот дом каде имаше 43 гласа „за“ и 18 „против“.

Нацрт законот многу брзо го потпиша гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, со што закон стапува во сила.

Новиот закон вклучува и целосна забрана за продажба на автоматски пушки во воен стил и со него е забранет и пристапот до оружје за ментално болните лица.

Новиот закон за оружје во државата Њујорк е донесен заради масакрот од 14 декември кога во основно училиште во Њутаун, во државата Конектикат, едно лице уби 20 деца и шест наставници од истото училиште. Овој масакр предизвика национална дебата за потребата од воведување ограничувања во врска со либералните американски прописи за продажба на оружје.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека во среда ќе ги обелодени своите предлози.

Најновото истражување на Галуп и УСА Тудеј покажуваат дека е во нагорна линија бројот на Американци кои се незадоволни од законите што го регулираат поседувањето оружје и дека сега тој број изнесува 38 отсто. Тоа, меѓутоа, и натаму е помалку од оние кои ги поддржуваат либералните закони за оружје, бидејќи 43 отсто од испитаниците наведуваат дека законите се добри.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1