Ненад има СИДА, го заразила девојка која знаела дека има ХИВ


Шестото одделение на инфективната клиника, каде од сида се лечат најтешките пациенти, половина е празно. Десетина пациенти лежат во своите соби. Меѓу нив е и Ненад Л. (45), каде го чека денешниот Светски ден за борбата против ХИВ. Вирусот на Ненад му го нападнал мозокот, кој му ја одземал десната рака и нога.bolnica-operacija

– Вирусот го добив од девојка во 2001. година. Во моментот кога имавме сексуален однос таа знаеше дека го има. Подоцна дознав дека заразила уште двајца. Таа почина. По шест месеци, наеднаш ги губев килограмите, немав сила и константно бев со покачена температура – рекол Ненад за Ало.

Додека ги чекал резултатите, се тешел дека не е ХИВ позитивен. Но потоа следел шок.
– Ја добив дијагнозта и почна пеколот. Сакав да се убијам. Тие се единствените на кои им кажав од што боледувам – плачејки раскажува Ненад и додава дека семејството знае дека боледува од леукемија, и затоа често е во болница.

– Од тогаш не сум бил со девојка, немам ни пријатели. Во паника сум мислејки дека ќе заразам некого. Не посакувам на никому да му се случи истото како и мене. До 2013 година бев келнер во сопствениот ресторан. Веќе не можам ни да работам. Кога не сум овде, одам на село сам. Така и ќе остане до крајот на животот – кажува Ненад.

Др Дубровка Салемовиќ, која ги лечи заболените, кажува за Ало дека Ненад е редок пример за добивање на инфекцијата, бидејки ХИВ најмногу циркулира помеѓу геј популацијата кои се родени во периодот меѓу 1985 и 1995.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1