Трагедија во Бугарија: Ненадејно почина 14 годишниот син на претседателот Плевнелиев


Филип, синот на Плевнелиев, починал од ретка болест, а немало ниту знаци ниту симптоми. Аортата cе скиналае по целата должина и предизвикала крварење во организмот, дознава бугарскиот медиум”24 часа” од администрацијата на Претседателот.Претседателот Росен Плевнелиев и неговата сопруга Јулијана имаат тројца синови – Филип, Асен и Павле. Филип беше на 14 годиншна возраст.Image_4913675_128

До овој момент Филип бил исклучително цврсто и активно дете, препуштено на математиката и спортот. Затоа и ненадејна болест, од што тој си отишол така брзо, е шок за сите, коментира извор од администрацијата на шефот на државата за “24 часа”.

Момчето починало вчера во Трета градска болница во Софија. Се уште не е јасно кога било одведен на клиниката, но лекарите се бореле до последн момент за неговиот живот.

Изворот од претседателската администрација ја потврдува верзијата која медицинарите ја лансирале пред неколку часа за бугарскиот “24 часа”.

Професор Александар Чирков, кој чул веста во Фрајбург, Германија, коментира за “24 часа”, дека смртта може да се должи на т.н. Синдром Марфанов, при кој има наследна условена инфериорност на сврзното ткиво. Професорот вели дека во таква ситуација градите се потонати навнатре, а аортата е проширена во горниот крај при излезот на срцето. Оваа состојба е вродена.

Дисекацијата на аортата е исклучителна итно состојба во која смртноста надминува 80%. Кај деца обично е вроден дефект, кој сепак нема никакви симптоми додека не се добие итна состојба. Тоа е раслојување на аортата, при што крвта оди таму каде што не треба. Другата причина за такво заболување кај децата е траума.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1