Почина освојувачот на првиот олимписки медал за Македонија


Почина легендата на македонскиот спорт, борачот Симеон Шутев, кој во 1968 година стана првиот Македонец кој успеал да освои олимписки медал. Шутев учествуваше на ЛОИ во Мексико сити, заедно со Борче Димовски, кој пред извесен период почина во ГерманијаSimeon-Sutev-sliki_thumb_medium500_375

Штипјанецот Шутев беше професор по физичко воспитување во ЕМУЦ Никола Нехтенин во Штип. По завршувањето на боречката кариера беше и тренер во Балканец, ги воспитуваше младите генерации. Покрај борењето, тој беше и спортски риболовец. Беше и добар пливач и гимнастичар. Беше и боречки судија.

Посмртните останки на Симеон Шутев ќе бидат изложени утре, недела, 9 август, од 11 до 12 часот во штипската капела. Сочувство изразија и голем број спортски асоцијации и спортски работници и борачи, пренесува порталот „Ипон.мк“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1