Неработни денови во Август – овие денови не ви влегуваат во одморот, да не ве зезнат газдите


Со оглед на праксата на газдите деновите од празниците да ги вбројуваат и во деновите на одмор ве потсетуваме дека согласно законот за работни односи саботите, неделите и државните празници не влегуваат во деновите од одмор. 

man-free-sign-560x620Односно според законот имате право на 20 работни дена одмор. Доколку некој од газдите ве приморува да работите на овие празници или пак ви ги вметне во деновите од годишниот одмор, може да се обратите до трудовата инспекција.

Во месец август има 3 празника. 2 се неработни за сите граѓани, а еден за христијанските верници.

Согласно Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2013 година неработни денови за месец август се:

За сите граѓани на РМ

•  02 Август, Ден на Републиката (петок)
• 08 Август- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам (среда)

За граѓаните од православна вероисповед

• 28-ми Август, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица (среда)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1