Тресење, татнеж, лелеци – 20 секунди го претворија Скопје во пепел


Скопје – 26 јули 1963 година – топло јулското утро меѓу 35 и 40 степени – 5 часот и 17 минути, тресење и татнеж.

,, Бев дежурен, патролирав, минував покрај местото што е денес соборен храм, слушнав неподносливно бучење. Веќе неколку секунди подоцна, тлото под моите нозе почна незапирливо да се тресе, бучавата и тресењето не престануваше, а интензитетот се зголемуваше. По едно дваесетина секунди почна да се слуша крцкање од околните куќи и викање,, го опишува моментот скопјанец кој го преживеал земјотресот.

За само дваесет секунди градот се претвори во урнатини. 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтер) градот се тресел цел час потоа – околу 100 афтершокови. Земјотресот бил почувствуван на околу 200 километри далечина

 33F405586A041641A2481CF3EBB5D879,, Тоа утро се сеќавам на загриженте лица на постарите кои слушајки вести на радио – Се кажуваше кои згради се паднати. се набројоуваа и имиња на веќе идентификувани лешеви. Телефоните не работеа иако во тоа време беа реткост,,

,, Се спиеше на отворено – сеуште немаше доволен број на шатори. Спиевме на едниот дел од Партизанска – кој  беше зарамнета ливада, земјата нон стоп се тресеше и бучеше – а очајните луѓе лелекаа по забубените блиски – и онака голи по пижами – никој не се осудуваше да се качи низ рушевините и да фрли низ прозор нешто од облеката која беше потребна. Утрото веќе похрабрите тоа и го правееа – летеа облеки – јоргани душеци јастуци,, вели скопјанец кој го преживеал земјотресот.

102305_073_6bСпоред конечната листа, 1.070 граѓани загинале во земјотресот. Меѓу загинатите имало и 16 странци. Над 3.300 повредени, од кои повеќето останале со трајни последици и со висок степен на инвалидитет.

Речиси 80 отсто од градот бил разурнат, а 200.000 луѓе останале без покрив. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000Биле разурнати и многу индустриски капацитети.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна се сретнале американски и руски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

ccl253

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ Тито дошол во Скопје, изјавил:

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

Откако приказната за Скопје го обиколи светот на 14 октомври, Обединетите нации едногласно усвоиле Резолуција за давање помош на југословенската влада за реконструкцијата на главниот град на Македонија.

image004Светската солидарност почнала да го обновува градот. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Скопје и е симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

,, Како проект-менаџер со ова тело раководел г. Адолф Циборовски од Полска. Во 1965 година свикан е интернационален конкурс на поканети автори. Учествуваат: Бакема и Ван ден Брук (Холандија), Александар Ѓорѓевиќ (Белград), Македонијапроект (Македонија), Луиџи Пичинато (Италија), М. Ротивал (САД), Е. Равникар (Словенија), Мишевиќ – Венцлер (Р.Хрватска) и К. Танге (Јапонија). На 25 февруари 1966 година Танге склучува договор со Обединетите нации (број на договор: ЦОН 26/66) за консултант при изработка на Деталниот урбанистички план за централно-то градско подрачје на Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1