Пожарната служба соопштила дека интервенирала на 90 различни пожари во текот на ноќта, од кои поголем број биле предизвикани од бунтовниците. Во нередите во текот на ноќта бил запален и еден ресторан, повеќе од 30 автомобили и биле повредени тројца полицајци.
Групата бунтовници во јужниот дел на Стокхолм, Скогас, запалила и еден ресторан.
Линдгрен изјавил дека една 16-годишна девојка била приведена под сомнение дека се подготвува да подметне пожар, но подоцна била пуштена дома.
Нередите во Стокхолм започнале во неделата, како реакција на инцидентот од 13 мај, кога еден полицаец во предградието Хусби убил 69-годишен човек во северозападниот дел на градот.