Нереди во Стокхолм: Запалени автомобили, полициска станица, 90 пожари (Видео)


Група на млади луѓе ја нападнале полициската станица во 15-тото предградие на Стокхолм во кое живеат имигранти, во бранот на нереди кој трае веќе четврта вечер по ред, по инцидентот на 13 мај кога еден полицаец убил постар човек.

stokholm nerediПожарната служба соопштила дека интервенирала на 90 различни пожари во текот на ноќта, од кои поголем број биле предизвикани од бунтовниците. Во нередите во текот на ноќта бил запален и еден ресторан, повеќе од 30 автомобили и биле повредени тројца полицајци.

Групата бунтовници во јужниот дел на Стокхолм, Скогас, запалила и еден ресторан.

Линдгрен изјавил дека една 16-годишна девојка била приведена под сомнение дека се подготвува да подметне пожар, но подоцна била пуштена дома.

Нередите во Стокхолм започнале во неделата, како реакција на инцидентот од 13 мај, кога еден полицаец во предградието Хусби убил 69-годишен човек во северозападниот дел на градот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1