Нервоза, пцовки, чекање со часови – хаос на патарините во Македонија


Гужва од возила и нервозни патници во километарски колони синоќа на патарината Отовица на автопатот Гевгелија – Скопје. Огромен број возила со часови чекаат да ја поминат наплатната рампа.

guzva-na-patarina-031377981838_thumb_medium490_0 Навалицата започнала доцна вечерва и најчесто се туристи кои се враќаат од Грција, па има српски, турски, чешки, полски но и возила со домашни регистрации. Гневни се бидејќи истата состојба ја затекнале и на граничниот премин Богородица, пренесе порталот Дума.

Од патарината рекоа дека состојбата била иста како и претходната вечер кога фрекфенцијата на возила била огромна по автопат а траела се до еден часот по полноќ.

Се претпоставува дека најголем дел од возилата се на гастербајтери од Турција кои наместо преку Бугарија за да стигнат во западно европските земји одлучија да патуваат низ Македонија. Има информации дека медиумите во Турција објавиле за големи гужви и хаос на граничните премини со Бугарија како и на автопатот покрај Софија. Од Грција дома се враќаа и голем број на Срби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1