Еден познат бизнисмен добро ќе ја запамти ноќта помината во лондонскиот клуб Playboy, бидејќи тогаш успеал да скрши шише од Clos De Griffier Vieux од 1788 година, конјак вреден околу 65 илјади евра.
Бизнисменот нарачал две чаши од овој коњак и го замолил келнерот да му го подаде полното шише за да го разгледа. Менаџерот на клубот му ја исполнил желбата, но немарниот гостин го испуштил шишето од раце, а тоа завршило распарчено долу на подот.
За целата ситуација да биде уште полоша, коњакот не бил осигуран, а со тоа сега легендарниот мајстор на коктели Салваторе Калабресе нема да влезе во книгата за рекорди.
Овој коњак е клучната состојка на коктелот со кој за неколку дена требаше да ги импресионира судиите од жирито.