Илјадници луѓе добиле смртни закани преку смс



Австралиската полиција се обидува да влезе во трага на организаторите на измамничкиот ланец кој со недели им се заканувал на илјадници Австралијци преку мобилните телефони и преку електронска пошта во кои тврдат дека ќе ги убијат доколку на им платат 5000 долари.

„Ми платија да те  убијам. Ќе ти го поштедам животот ако ми платиш 5000 долари. Ако се јавиш во полиција или на било кој друг, ќе бидеш убиен“ е пораката која упашила илјадници австралијани.

Според Си-Ен-Ен некои од нив стравувајќи за својот живот наседнале и се обиделе да ги предомислат изнудувачите, а некои сепак се јавиле во полиција. „Не одговарајте на такви закани, а пораката избришете ја или игнорирајте и не кревајте паника затоа што тие се надеваат дека во паника ќе им дадете пари“ изјавил детективот Брајан Хај од Квинсленд. Тој додава дека до сега не се сретнал со ништо слично и дека ваквите закани и измами се вообичаени единствено во Нигерија

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1