Несреќа кај Групчин: Застанале да помогнат па ги прегазил џип


Златко Кескоски, сопственик на Кендо Клуб Теншин од Охрид, на својот Фејсбук профил објави статус во кој кажува дека двајца членови на клубот вчеравечер биле тешко повредени во сообраќајка, пренесува НетПрес.

Станува збор за Горан Шибаковски и Александар Настоски, кои биле повредени кога на нив налеталo возило кај селото Групчин, кај местото Добарски надвозник, кога застанале да му помогнат на М.К. (54) од Скопје, кој со своето возило, „опел“ излетал од патот.

NESREKA_thumb_medium500_297

Од СВР Тетово информираат дека во нив удрил триесет и тригодишниот М.Т. од Гостивар, со возило „мерцедес“, кој во својата полициска изјава рекол дека го видел возилото и во обид да го избегне ги удрил двајцата охриѓани кои не ги видел, а кои застанале да му помогнат на скопјанецот.

– М.К. е пренесен во тетовската болница со лесни телесни повреди, а потоа е пуштен на домашно лекување. Потешко се повредени Горан Шибаковски (31) и Александар Настоски (24), кои веднаш биле пренесени на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, вели Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

При направениот увид утврдено е дека причина за несреќата е неприлагодената брзина на гостиварецот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1