Хоророт на Јадранот: Повеќе од 200 луѓе чекаат спас!


Лошото време и густиот чад ја отежнуваат операцијата за спасување, а пожарот, според италијанската морнарица, е ставен под контрола. На траектот, кој бил на пат од Грција кон Италија, во неделата наутро избил пожар на околу 30 наутички милји од островот Крф.

Хеликоптерите полека ги евакуираат патниците од горната палуба на “Norman Atlantic” кој по избивањето на пожарот, почнал да плови по море меѓу Грција и Италија.

traekt-gori-patnici-grcija-04

На траектот дошле и лекарски тимови и спасувачи, за да се грижат за погодените патници и екипажот, додека трае операцијата за спасување во која учествуваат шест хеликоптери, кои на италијанските воени бродови пренесуваат 6 до 7 лица на секој лет.

Во помош на траектот во неделата први дошле бродови кои пловеле во близина, но немирното море оневозможило нивно доближување, па операцијата продолжила со помош на италијански и грчки хеликоптери.

Еден маж од грчка националност загинал вчера кога се обидел да скокне од траектот кој горел, а четири лица се повредени. 17 патници биле пренесени со хеликоптери во Галатино во јужна Италија, меѓу кои има жени, деца и повредени.

Италијанскиот траект “Norman Atlantic”, кој пловел за грчката компанија “Anek Lines” бил на пат меѓу Патрос на западот на Грција кон Анкона, со 478 патници и членови на екипажот и околу 200 возила.

Поголем дел од патниците се Грци, Турци и Италијанци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1