НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ГРАДСКО-СКОПЈЕ: Му пукнала гума, автомобилот се истумбал и се запалил


Без повреди поминал шоферот на мерцедесот со скопски регистарски таблички, во сообраќајната незгода што се случила попладнево на автопатот Градско-Скопје. На два километри од мотел Македонија, околу 14.30 часот се случила сообраќајката, кога скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се истумбал.izbuseni gumi

Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.

Од истекувањето на бензинот автомобилот се запалил, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош. Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен и освен материјална штета, за среќа, нема повредени.

Увидна екипа на СВР Велес се уште е на лице место на несреќата и ги утврдува причините за сообраќајката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1