На патот Минск – Киев се случил вистински пекол! Голем лос се забил во шофершајбна на автобус, и на место останал мртов, додека автобусот е онеспособен.
Меѓутоа информацијата за овој инцидент веднаш се распространила низ светот бидејќи после ударот со лосот, километар-бројачот застанал на ѓаволскиот број 666,6.
Познато е дека бројот 666 е сатански број кој се користи за повикување на Луцифер.
Полицијата соопштила дека лосот бил пијан. Не станува збор за шега, туку за нормална појава бидејќи овие животни се хранат со овошје кое паѓа од дрвата и ферментира, што предизвикува пијанство кај животните.
Иако оваа бизарна несреќа не била ни малку наивна, за среќа никој не погинал.