Несреќа во Скопје: Камион удри во автобус број 22 – 10 повредени! (ФОТО)


Десет лица се повредени откако попладнево се случи сообраќајна несреќа меѓу камион и автобус, дознава Курир.

avtobus1-500Несреќата се случила во близина на основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопското село Ново село. Камионот од засега непознати причини удрил во приватен автобус со број 22 во кој се превезувале патници, по што автобусот влегол во училишниот двор.

Според информациите до кои дојде Курир во несреќата се повредени 10 лица. Двајца од повредените се од камионот, а останатите осуммина се патници од автобусот.

Повредените од камионот биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“, додека патниците се пренесени во Ургентниот центар. Засега нема информации за карактерот на повредите.

Повеќе фото на – Курир

avtbus-nova

avtobus1-500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1