Деца меѓу повредените во Волково – возачот на автобусот не се сеќава на ништо


Најмалку 13 лица се повредени во сообраќајната несреќа во близизина на пругата во скопско Волково кога камион директно удрил во автобус на ЈСП.

Меѓу поврдените има и две деца, на едно годишна возраст и на возраст од 7 години, пишува Здравство24.мк.

kamion-500Децата заедно со уште 5 други лица кои биле во автобусот со возила на Брза помош се префрлени во Ургентниот центар каде во моментот се вршат испитувања и сеуште не се знае за какви повреди станува збор.

Возачот на автобусот со Брза помош заедно со уште неколку лица е донесен во ГОБ „8-ми септември“.

Директотот на болницата проф-д-р Сашо Стојчев вели дека најтешко повреден е возачот на автобусот. Две лица имале амнезија и не се сеќавале на ништо.Сите имале повреди на главата и вратот.

-Во моментот на двајца од нив им се вршат снимања на компјутер за да се констатира за какви повреди станува збор,останатите две лица ќе бидат пуштени на домашно лекување, вели д-р Стојчев за Здравство24.мк.

На местото на несреќата интервенирале три возила на Брза помош, кои по укажаната прва помош поврдените ги пренеле во болница. Полицијата врши увид по што ќе бидат познати точните причини за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1