Скопскиот аква парк се отвора на 15 јули


Модерен аква-парк со десет тобогани, мрзлива река и „ноќни ефекти“ веќе се гради зад спортската сала „Борис Трајковски“ во Карпош 4, а ќе биде свечено отворен на 15-ти месецов.

akvaparkПаркот вреден 4,2 милиони евра се распостила на површина од 12 илјади метри квадратни веднаш зад хотелот „Александар Палас“. „Турбуленс“, спејс-боул и мултисајд се само некои од изненадувањата кои тој ќе ги содржи.

Според Ратко Капушевски, директор на салата „Борис Трајковски“, аква-паркот се очекува да биде голема туристичка атракција, но и рекреација за скопјани. Во него, освен за возрасни ќе има и „детски свет“ со содржини од „Пиратите од Карибите“. Тој ќе работи во две смени од 11 до 17 часот и од 18 часот до полноќ, кога ќе биде можно и ноќно капење.

Цената на дневен билет за аква-паркот ќе изнесува 300 денари и се очекува да го користат семејствата кои имаат деца на школска возраст. Семејниот билет ќе чини 1.000 денари.

Kirilica

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1