Нетпрес: Полноќни „тајни“ средби меѓу Заев и Верушевски?!


Читател до редакцијата на Нетпрес испратил фотографии и видео снимка, на кои, според неговите информации се гледа како автомобилот марка „ауди“ со кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев се превезува многу често во доцните ноќни часови стои паркиран зад зградата во која живее екс директорот на УБК, Зоран Верушевски.zaev-650x396-640x390-48186

Имено, вчера медиумите објавија информација дека изминативе неколку денови имало блиска средба и меѓу Заев и Бекир Асани, на која се разговарало за објавување на нови снимки поврзани со функционери на ДУИ.

Порталите пишуваа дека Асани на средбата дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на Зоран Заев аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста.

На Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располагаше тој, но и лица блиски до СДСМ.

По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците. Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали, пишува Нетпрес.

Дали средбата и разговорот со Асани е причина за зачестените средби меѓу двајцата осомничени во случајот „Пуч“, Заев и Верушевски ќе покаже времето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1