Неодамна во еден магазин кој се занимава со медицина, е објавен редок случај од полето на оваа наука, во кое на еден човек после сообраќајна несреќа, срцето му ротирало и преминало на десната страна од градниот кош.
Имено, 48-годишниот маж бил одведен во Итната помош во Италија во болница за трауми здобиени при сообраќајна несреќа. Откако лекарите направиле комплетни анализи, дознале дека пациентот имал декстрокардија, односно вродена аномалија поради која срцето му се наоѓало на десната, наместо на левата страна
После CT скенерот, докторите откриле дека на овој човек и белодробната артерија, но и двете срцеви комори му се „префрлиле“ на десната страна. Исто така, воочиле дека нему срцето му ротирало и за 90 степени на десно.
„Ова е многу интересен анатомски наод и многу необичен. Никогаш не сум видел ништо слично. Она што е интересно во овој случај е тоа што нему срцето му ротира на спротивната страна“, кажал доктор Грегори Фонтана, претседател на одделението за кардиоракална хирургија во болницата Ленок Хил во Њујорк, кој не учествувал во ова лечење
Инаку, при сообраќајната несреќа, воздух влегол во белите дробови на настраданиот човек и се верува дека токму тој го турнал и го ротирал срцето на другата страна. После 24 часа, неговото срце со помош на дренажа било вратено во нормална положба, додека слезината морала да му се отстрани по итна постапка.
И покрај траумите кои привремено му ги стегнале крвните садови, срцето на овој маж не претрпело некои значителни повреди.