Неверојатна приказна за мигрантот кого го сопна снимателка – Познат фудбалер е, еве кој го згрижи


Веројатно се сеќавате на Сириецот Осама Абдул Мосен, кој на светската јавност и стана познат откако унгарската снимателка го сопна на границата додека го носеше своето дете.

Некои приказни навистина имаат среќен крај. Доказ за тоа е мигрантот Осама Абдул Мосен, кој стана светски познат откако на границата со Унгарија беше сопнат од унгарска снимателка додека со своето дете се обидуваше да ја премине границата.mosen500

Фотографиите и видеата од овој настан го обиколија и потресоа светот, а откако новинарите направија мало истражување, светот дозна дека Мосен е фудбалски работник, тренер на сирискиот тим Фотува СЦ, кој поради војната се одлучил да избега од земјата.

По тој повод, Здружението на фудбалски работници Сенафе од Шпанија покрена иницијатива Мосен да се донесе во оваа земја. Претставиниците на здружението во Минхен испратиле човек кој зборува арапски јазик со задача во Мадрид да го донесе Мосен и неговите две деца.mosen4-500

Претседателот на Здружението на фудбалските тренери Сенафе Мигел Анхел Галан изјави дека тој води центар за фудбалски тренери и дека му е задоволство да помогне на некој од оваа професија.

-Многу ни беше жал кога ја прочитавме неговата животна приказна во весниците. Кога ќе дојде во Шпанија и ќе научи шпански јазик, сакаме да му понудиме да работи во нашата организација, вели Галан.mosen2-500

Според неговите зборови, Здружението од сопствен буџет, кој бил наменет за маркетинг, изнајмило стан за Мосен и неговото семејство.

Мосен е татко на четири деца, а неговата сопруга и другите две деца се наоѓаат на територијата на Турција. Покрената е иницијатива и неговото семејство да се донесе во Шпанија.

Унгарката Петра Ласло доби отказ во Н1ТВ откако беа објавени снимки кои покажуваат како го сопнува Мосен и ги удира другите избеглици.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1