Невиноста на Муслиманите 2 дел? Белгијците вознемирени – уште еден контроверзен филм пуштен во јавноста


Белгија ја зголеми својата тревога за тероризам, откако во јавноста се прикажа уште еден провокативен филм во кој што бил истражуван исламот, наводно во соработка со озлогласениот пастор од САД, Тери Џонс, кој беше директно одговорен за палењето на Куранот.
Творецот на филмот е Пакистанецот Имран Фирасат, поранешен муслиман, кој во моментов живее во Шпанија. Фирасат има за цел да ја обелодени вистината за животот на пророкот Мухамед со делото „Невиниот пророк“: односно гледано од точка на екс-муслиман.
„Доколку сакаме да се дознае вистината за исламот, мораме да одиме подлабоко во животот на Мухамед и да дознаеме дали тој бил пророк испратен од Бога, или едноставно злоупотребено дете, убиец и самопрогласен пророк“, се вели во трејлерот на филмот.
Фирасат исто така го поздрави пасторот Тери Џонс, кој како што вели му претставувал инспирација за направеното дело.
„Се надеваме и имаме желба да го претставиме Мухамед во вистинска слика, која не можела да се открие во минатото и која би и помогнало на луѓето од западниот свет, па дури и на муслиманите, подобро го разберат него и неговото учење“, вели Фирасат.
Поради провокативноста на филмот белгиската полиција го зголеми нивото на тревога за тероризам во земјата од степен 2 на степен 3, вториот највисок степен во пресрет на онлајн изданието кое ќе биде пуштено во јавност на 14 декември.  Од белгиското Министерство за внатрешни работи велат дека се преземени сите превентивни мерки со цел да се спречат кави било незгоди.

Полициските единци особено се подготвени да реагираат во деловите каде што има голем број на жители имигранти од Блискиот Исток и Северна Африка. Техничките поделби на белгиските полициски служби исто така се земени во предвид и на одговорни лица им било наредено внимателно да ги следат исламистичките веб-сајтови и текстуалните пораки.
Како одговор на зголемената безбедност, Фирасат изјавил дека би можел да го одложи пуштањето на филмот и истиот да го пушти кога властите ќе бидат уверени дека во истиот нема ништо провокативно и дека делото потпаѓа под правото на слобода на изразување и дека овој филм не треба да предизвика каква било загуба на човештвото.
„Одлагањето може да се изврши доколку тоа биде побарано од страна на властите“, изјави Фирасат . Тој не се плаши од исламското насилство и дополни дека одложувањето би можело да се случи од почит кон Европа, која ја нарече дека е негово семејство.
Претходно годинава немири избувнаа во Белгија по „невионста на муслиманите“ на озлогласеното американско видео кое се прелеа како вирус по интернет мрежата, предизвикувајќи насилни анти-американски протести во арапскиот свет.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1