Невообичаени метеоролошки феномени во пресрет на Новата година


Температури над нулата на Северниот Пол, убиствени торнада во Тексас, силни горештини во Австралија, поплави во Велика Британија и во Мисури – светот влегува во Новата 2016 година со неочекувани екстремни феномени, пренесува БТА.

На Северниот Пол времето е абнормално меко. Температурите се движат меѓу 0 и 2 степени Целзиусови и тоа е за 20 степени повеќе во споредба со она што е нормално за овој период на годината. Причината е моќна депресија, која ги погоди северните делови на Атлантскиот Океан.fenomeni

Арктикот во принцип е регионот во светот, што најсилно погоден од глобалното затоплување, со температури кои веќе се најмалку 3 степени повисоки во споредба со прединдустриското ера. Според научниците, сепак не треба да се поврзува овој факт со невообичаено мекото време, регистрирано сега во регионот.

Депресијата која ги засегна северните делови на Атлантскиот Океан, исто така доведе до исклучително мек Божик во источна Канада, каде беа регистрирани 15,9 степени Целзиусови во Монтреал на 24 декември, додека минус 10 степени се вообичаени во ова време на годината. Потоа земјата беше зафатена од силни снежни врнежи.

Во САД, во торнада и поплави загинаа најмалку 49 лица. Во централниот дел на земјата водата на најголемата река Мисисипи веќе ја надмина за четири метри критичната точка, аво поплавите загинаа 13 лица. Викендот по Божик пак моќни торнада опустошија дел од Тексас.

Овие временски епизоди се должат на феноменот Ел Нињо, кој е особено моќен оваа година, а на сето тоа се додава дејството на глобалното затоплување, сметаат научниците. Ел Нињо е природен феномен, но овогодинешната манифестација веројатно му е најмоќната за последните 100 години, вели Џером Лику, инженер и експерт за прогноза на времето во француската метеоролошка служба. Според него, меѓутоа, нема едноставен одговор за објаснување на исклучителнитеметеоролошки феномени, забележани во последно време во САД, Австралија и Латинска Америка.

Регионот на границата на Бразил, Парагвај, Уругвај и Аргентина беше погоден од најголемите поплави во последните неколку децении и во нив загинаа над 10 лица, а 160.000 лица беа евакуирани.

Во Австралија пак, силните горештини доведоа до големи шумски пожари и се очекува температурите повторно да се зголемуваат до 38 степени Целзиусови во јужните делови на земјата.

Во Франција на Азурниот брег расцутеа мимозите, а во некои градини се појавија, нетипични за ова време од годината, јагоди и аспарагус.

Во Шпанија е потопло од вообичаеното за сезоната што во комбинација со слабите дождови, придонесе за многу шумски пожари да беснеат во последните денови од годината, пренесува БТА.

Но Северна Англија, пак, беше погодена од невидени поплави кои водеа до евакуација на стотици луѓе, особено во градот Њујорк.

На италијанскиот полуостров редица градови го ограничија сообраќајот и ќе се лишат од новогодишниот огномет поради загадувањето на воздухот со ситни честички, до кој дојде благодарејќи на недостигот на дожд и на ветрови неколку недели.

Ефектот на Ел Нињо го надмина регионот на Тихиот Океан и овој феномен има последици во планетарен размери, вели Жан Лузел, поранешен потпретседател на Меѓувладиниот панел за климатски промени, чии трудови доведоа до аларм за влијанието на климатските промени врз светот. Во принцип, годините со Ел Нињо се „потопли”, додава експертот.

Во светот температурите регистрирани помеѓу јануари и ноември поставија рекорд оваа година и тоа наведнува на мислата дека 2015 година ќе биде класифицирана како најтоплата година во модерната историја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1