Невреме во повеќе градови, Охрид најпогоден од дожд и град


Силно невреме го погоди Охрид околу 14:30 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот, јавува порталот ОхридПрес.

Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.

Невремето, кое траеше околу еден час, беше проследено со силен ветер кој искрши гранки и постари дрвја. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на последиците.

Штетите од невремето дополнително ќе се утврдуваат.

Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, каде што на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Така нестабилноста, освен во Охридскиот регион, беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, како и Пелагонија.

Во Скопскиот Регион беа зафатени само северните делови каде што имаше локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пороен дожд и грмежи имаше и во Струмичкиот Регион. Нестабилната облачна маса се движеше од североисток кон југозапад. Во останатите делови од земјава преовладуваше сончево и топло време со умерена облачност и со слаб северен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1