Невреме во прилепско – поплавени куќи и уништени градинарски култури


Невреме со силен дожд проследено со град синоќа по 19 часот го зафати атарот на селото Тополчани, Прилепско. Според жителите, поројниот дожд поплавил дел од куќите, а градот уништил род со тутун и градинарски култури.

Како што објаснува Киро Мицески, жител на селото, синоќа семејството се борело со водената стихија.

bitola-nevreme-2-520x390– Беше страшно. По 19 часот почна силно да врне, а потоа и град. Наредните два часа водата се слеваше во гаражите, долните простории од нашата куќа. Цела ноќ стражаревме и чистевме, вели Мицески.

Според претседателот на месната заедница на Тополчани, Ацо Мицески градот уништил род на тутун и градинарски култури на педесетина хектари.

– Според првичните сознанија и, како што јавуваат земјоделците, е зафатен атарот на селото Тополчани. Станува збор за околу педесетина хектари со тутун и со градинарски култури. Ќе пријавиме во локалната самоуправа во Прилеп комисија да излезе на терен, вели Мицески.

Тутунопроизводителот Миле Крстески има девет декари тутун и речиси целосно е уништен родот.

– Целосно се уништени листовите. Не знам што ќе правиме. Четиричлено семејство сме и од тутун живееме. Родот не ни е осигуран, вели Крстески.

Ова нестабилно време ги тера земјоделците да го осигураат родот. – Ќе треба да се осигура родот. Инаку од кого ќе бараме надомест на штети по вакво невреме. Ни требаат повеќе информации како да се осигураме, вели земјоделецот Славко Пројчески од Тополчани.

Државата субвенционира 60 отсто во премијата за осигурувањето на земјоделските култури.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1