Според информациите од УХМР, новиот бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.
Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.
Според информациите за хидолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.
На Координативнотот тело исто така се разгледуваа и превентивните мерки што треба да ги превевземат сите надлежни институции.
Координативното тело уште еднаш препорачува:
– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
– градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
– градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
– ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
– екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби
– апел до месното население да се вклучи во превентивните акции.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.