ПРЕСВРТ: Не се премажив, сопругот ме тепаше 4 години


Билјана Савиќ која со својата ќеркичка избега од сопругот, се водеше за исчезната, а потоа излегоа информации дека се премажила.

Но, таа го негира сево ова и открива дека избегала од сопругот бидејќи тој ја тепал и малтретирал цели 4 години.hjefbrejkngyjkmnuklyt

-Со ќерката Анастасија бевме во изнајмен стан, но и се јавив на својата мајка. Најмногу ме повредија изјавите на мојот поранешен партнер Бојан кој лажеше низ медиумите. Ниту во еден момент тој не спомна дека четири години ме тепаше и малтретираше. Затоа избегав од него и со себе ја земав ќерка ми, рече Билјана.

Нејзиниот невенчан сопруг Бојан Милојевиќ вчера рече дека полицијата го известила дека ја пронашле Билјана и дека неговата ќерка е добро.

– Тие ми кажаа дека се премажила и дека нашла работа. Таа доброволно отишла во Вршац, а зошто го сторила тоа само таа знае, вели Бојан кој додава дека сето ова го прифатил со леснотија кога дознал дека неговата ќерка е добро.

Следно за решавање е проблемот за старателство на малолетно дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1