Во силната бура која ноќеска беснееше во Полска загина Заменик градоначалникот на градот Воломин во централниот дел на Полска Роберт Маковски кога врз него падна гранка.
Уште најмалку десет луѓе се повредени, а без струја останаа дури 330.000 домаќинства.
На северот од Полска во Кујавско- помераниското војводство повреден е пожарникар кога се обидел да го санира оштетениот покрив, а врз еден работник во Горзова Вјелкополски ветерот урнал ѕид.
Во текот на ноќта поради искинати и паднати водови и пожари без струја останаа 330.000 домаќинства, а утрово тој број спадна на 74.000.