Неврохирург тврди дека бил во рајот: Немало страв, немало болка


Ибен Александер е американски неврохирург и професор на Харвард, и составен дел од неговата струка е да знае се што може да се знае за мозокот. Често го користел неговото знаење за со научни докази да ги побие тезите на оние кои тврдат дека се вратиле од загробниот живот и сведочат за живот во рајот. Не ни очекувал дека еден ден и тој би можел да стане еден од нив.
Ибен во 2008 година се разболел од бактериски менингит и неколку дена поминал во кома. Откако се разбудил од кома знаел дека бил во рајот.nevrohirurg raj

Тој цели седум дена лежел во кома, време кое како што тврди, го поминал надвор од физичкиот свет, патувајќи низ чудесни места.
– Кога се разбудив се обидов сам да си објаснам се што видов од аспект на еден научник, неврохирург. Лекарите ми рекоа дека сето ова сум го доживеал затоа што сум бил многу болен и мојот ум си поиграл со мене. Но не верувам во тоа. Се изгледаше превистинито за да биде плод на мојата фантазија – рекол Ибен.

На прашањето како знаел дека бил во рајот, Ибен одговара многу опширно.

– Патот по кој одев беше многу долг и немав никакви сеќавања на мојот живот на Земјата. Одеднаш пред мене се создаде голема, вистинска врата, преминот беше полн со цвеќиња и насекаде имаше пеперутки, ангели летаа, а душите танцуваа. Таму имаше бои и надвор од спектарот на виножитото. Тоа место беше цело со блаженство и љубов на Творецот. Немаше страв, ниту каква  било болка – сведочи Ибен.
На враќањето во неговото тело и овоземскиот живот, рекол, дека не се сеќава, но верува дека е поврзано со молитвите кои целодневно ги молеле неговите најблиски, покрај неговиот болнички кревет. Вели дека по ова случување повеќе се свртел кон верата, но и дека спознал една важа работа.

– Разбрав дека не постои една вистинска религија. Тоа е погрешно сфаќање. Се се врти околу сочуството, простувањето и давање вера во изворот на создавањето на се – заклучува Ибен.

– За време на патувањето имав водич. Таа беше неверојатно убава жена која се појави додека патував на крилата на пеперутката. Нејзиното лице не се заборава . Нејзините очи беа сини – вели Александер.

Тој се разбудил од кома после седум дена. Се морал да учи отпочеток, кој е, каде се наоаѓа. И покрај сите веројатности, тврди, дека доживеал потполно закрепнување.

Александер меѓутоа немал мир. Жената која ја сретнал во рајот му се врежала во сеќавањето. Тој со години се обидувал да стапи во контакт со биолошкото семејство. Во мејлот му пристигнала фотографија од сестрата Бетси која умрела пред да ја запознае. Тоа, тврди Александер, било лицето на жената која ја сретнал во рајот. Оттогаш го живее животот на оваа планета, но повторно е роден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1