Иконата во светската неврохирургија, најдобриот познавач на заболувањата на мозокот, професорот Маџид Сами е во Скопје. Професорот е дел од докторскиот тим на повредениот Михаел Шумахер. За него има над 20 илјади успешни операции на мозоците на многу политичари, спортисти. оперирал и познатиот диригент, пишува Канал 5.
-Сум во консултации со тимот за случајот на Шумахер. Но, еве еден пример сега човекот е починат. По операцијата, сите новинари информираа за операцијата на диригентот Херберт Харадај. Вие новинарите сакате да се зборува за операциите на познатите, вели проф.д- р Маџид Сами неврохирург.
Тој и најтешките операции на мозок ги завршува со големи успеси. Од голема благодарност во неговиот роден Иран има монети со негов лик.
Во Скопје на Медицинскиот факултет одржа предавања за неврохирургијата.