Во петок по полноќ до понеделник наутро ќе биде сопрен целиот железнички и автобуски сообраќај во САД.
Илјадници летови се откажани поради снежната бура која се приближува кон источниот брег на САД. Само во Вашингтон се претпоставува дека ќе заврнат околу 60 сантиметри снег.
Метеоролозите предупредуваат на силни ветрови, а постојат предупредување за прекин на електрична енергија.
Бурата ќе погоди област каде што живеат повеќе од 50 милиони луѓе,а граѓаните веќе ги подготвуваат резервите со храна, па редици на луѓе се забележани во супермаркетите низ САД.