Незапамтено невреме во Србија – торнадо корнеше кровови од куќи (Видео)


Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер вчеравечер го зафати Белград. 486359_sopic-01_ffНебото над Белград, како што пренесуваат тамошните медиуми, целосно се затемнило пришто изгледало како да е споено со земјата.

Според податоците наврнало големо количество дожд, кое е над просекот за овој дел од годината, односно наврнало 20 литри дожд на метар квадратен.

Ооколу 19 часото го  погоди селото Сопиќ кај Лазаревац  во Србија.

За  три минути торнадото ги откорна крововите на стотици куќи низ селото. Силниот ветер ги однесе цели кровови, а најстарите мештани велат дека не памтат дека нешто вакво се случило во нивниот крај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1