Меѓу богатите и славните има многу од оние кои сметаат дека нивните деца треба да се помачат за да си обезбедат егзистенција, бидејќи не сакаат да растат под стаклено ѕвоно. Сметаат дека е подобро да ги научат на некои животни лекции, отколку да им остават еден куп пари и така од нив да направат “инвалиди”.
Бил Гејтс
Создавачот на Мајкрософт неколку пати има кажано дека најголемиот дел од своето богатство ќе го даде во добротворни цели. Но, ни неговите деца нема да останат без ништо бидејќи секое ќе добие по 10 милиони долари, Тоа е значајна сума на пари, но сепак е ништо во однос на богатството на овој компјутерски гениј кое изнесува 80 милијарди долари.
Ворен Бафет
Исто како и Гејтс и американскиот богаташ Ворен Бафет рекол дека ќе подари 85 проценти од своето богатство вредно 65 милијарди долари. Неговитре деца нема да останата без денар, но ќе мораат самите да работата за да заработат.
Џеки Чен
“Ако е способен може и самиот да заработи. А, ако не е, тогаш само ќе ги троши моите пари”, изјавил актерот за својот син Џеси, кој снимил преку 20 филмови, кои сите за жал биле финансиски промашувања.
Стинг
Рок легендата, исто така спаѓа во категоријата на оние родиетели кои не сакаат да ги разгалат своите деца. пејачот вели дека ќе им помогне ако западнат во некоја непријатна финансиска ситуација, но дека и од нив очекува самите да си го заработат своето парче леб.
Сајмон Кауел
Тој има заработено богатство од 500 милиони долари како музички продуцент и судија во Американскиот идол и Икс фактор. Ако неговиот син посака да биде богат како татко му, ќе мора добро да ги засука ракавите.
Џорџ Лукас
Режисерот на “Војна на ѕвездите”, кој со продажбата на компанијата Лукасфилм на Дизни заработи преку 4 милијарди долари, а парите ќе ги остави во образовен фонд.
Џоан Крафорд
Пред да умре славната актерка го сменила тестаментот и од него ги исфрлила своите две посвоени деца, Кристофер и Кристина, додека останатите две, исто така, посвоени деца добиле по 77. 500 долари секое. Кога ја прашале зошто ги исклучила од тестаментот одговорила: “Знаат тие добро зошто”.
Марлон Брандо
Славниот актер имал 11 деца, но две не се најдоа во неговиот тестамент. Неговата посвоена ќерка Петра Брандо Корвал, како и неговиот внук Туки Брандо, син на ќерка му Чејен која изврши самоубиство, останале без денар.