Ни ,,Балканците,, не се тоа што беа – газат жените во политиката (Фото)


women politicsЗголеменото присуство на жените на челни позиции во земјите на Балканот сведочи за промени во овој традиционално патријахален регион, поттикнат со неговото приклучување на Европската унија.
Во минатото жените не го воделе главниот збор во политиката на овој конзервативен регион, но тие сега постепено ги заземаат водечките политички позиции, што е сигнал дека традиционалните правила се менуваат како што балканските земји се оддалечуваат од своето воено минато и се приближуваат кон Европската унија.
Додека во текот на крвавите 90-ти години Балканот беше под доминација на воени лидери, мажи националисти, новиот милениум донесе криза од поинаков облик, економска стагнација, висока невработеност и политичка корупција во која жените, според мислењето на многумина, можат подобро да се снајдат.
Со охрабрувањата кои стигнуваат од ЕУ и под влијание на поблиските врски со Западот, се зголемува бројот на жените кои почнуваат да ги менуваат старите форми на однесување и делување на патријахалниот Балкан.
women men 2Некои сметаат дека жените се помалку националистички ориентирани и повеќе прилагодливи на проблемите на новиот век, како што се дипломатијата, консензус и компромис. Наспроти тоа што секаде на Балканот стандардите за родовата рамноправност се уште далеку од тие во западните демократии, строгото патријахално Косово и Република Српска имаат жени на водечки позиции. Србија и Црна Гора, каде на политичките позиции доминираат мажи, усвоија закони за зголемување на бројот на жените на водечки позиции во рамки на обидите да ја убедат ЕУ дека лрипаѓаат на европскиот блок.
Така на пример во 90-тите години жени биле само 1,6 отсто од вкупниот број на пратеници во парламентот на Србија, што била најниска стапка во Европа.
zeni politikaНо, по падот на диктаторот Слободан Милошевиќ во 2000 година и со вложените напори кои ги прави Србија на патот кон евроинтеграциите, учеството на жените во парламентот се зголеми на 20 отсто, а усвоен е закон по кој секој трет кандидат на изборната листа треба да биде жена.
– Моќта на жената во политиката е блага моќ – вели косовската претседателка Атифете Јахјага. – Фактот дека нашата земја и други земји во регионот даваат шанса на жените претставува позитивна промена.
Најнова таква промена се случи во Словенија во ликот на Аленка Братушек (43), харизматичен финансиски експерт, прва жена премиер на Словенија.

Promjena-vec-u-ozujku-Alenka-Bratusek-predlozena-za-mandatarku-slovenske-vlade_ca_large

Иако словенечкото општество е традиционално полиберално од другите земји на Балканот, минатонеделниот избор на Братушек е значаен и поради тоа што доаѓа во момент на длабока финансиска и политичка криза во оваа мала држава.
Братушек која важи за ѕвезда во подем меѓу ветераните на словенечката политика, и е доделено да го консолидира стопанството и да ја врати довербата на граѓаните во државните институции, која силно е разнишана од финансиската криза во ЕУ.
– Важно е што тоа се случи во чувствителен момент, во период на криза – вели социологот Милица Габер Антиќ. – Тоа е силна порака до жените. – Ние жените тоа го можеме.
KosorМногу жени лидерки веќе заслужија пофалби поради раководење со своите земји во време на криза, и тука треба да се наведе поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор.
Таа дојде на чело на хрватската влада во време на криза кога нејзиниот претходник Иво Санадер беше принуден да се повлече во 2009 година поради корупциски скандали, а потоа успешно ги доведе до крај преговорите на Хрватска за членство во ЕУ.
atifete jhjagaНа Косово, каде пратениците неодамна добија брошура со избрани поговорки од кои една вели: – Молчењето е единствено богатство кое го поседува жената – малку познатата Атифете Јахјага беше избрана за прва жена претседател, дел како резултат од компромисот со посредство на САД, со кој се заврши спорот меѓу политичките групи на поранешни бунтовници и сомнителни бизнисмени.
Минатата недела во – српската мини држава во Босна – уште една непозната политичарка Жељка Цвијановиќ беше предложена за мандатар по оставката на кабинетот.

zeljka-cvijanovic-vlada-republike-srpske-1361993398-274673

Така таа ќе биде прва жена на лидерска позиција на некои од бројните нивоа на власта каде дури ниту едно министерство на централната влада не го води жена.
– Како жена, се надевам дека ќе донесам нов ветер и димензија на институциите на Република Српска – рече таа во едно интервју.
Меѓутоа, состојбата не е иста ширум регионот. Во време на комунизмот по Втората светска војна, властите промовираа вклучување на жени во политиката, како дел од комунистичката агенда за полова рамноправност и тогаш жените заземале водечки позиции во владите и имале еднакви права, работни места, плати и образование.
vlora citakuНа пример, Бугарија имала најголем број работно активни жени во светот во 70-тите години, а во политиката, потпретседателка, претседателка на Собрание, четири министерки и градоначалничка на Софија.Меѓутоа, старите навики тешко умираат. – Не можам ни на момент да заборавам дека сум жена. На тоа ме потсетуваат секој ден од кога влегов во владата – признава косовската министерка за европски интеграции Влора Читаку и додава дека во политиката со која доминираат мажи е многу тешко.
Според нејзините зборови, се уште важат старите стереотипи и и се поставуваат разни прашања. – Прво секогаш дали сум мажена и што мисли мојот татко за тоа што патувам сама во друштво со мажи.А во Словенија набрзо откако беше избрана Братушек, нејзините политички противници на Твитер напишаа – нејзиниот мандат ќе биде долг колку што и е долго здолништето. Таа едноставно одговорила – Сакам за нас жените повеќе да не се суди само по должината на нашите здолништа.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1