Министерството за здравство бара специјалисти од странство за работа во македонските болници. Вчера во српска Политика е објавен оглас за ангажирање на лекари од Србија. Посебно се нагласени потребите од офталмолози, анестезиолози, гинеколози, ортопеди како и специјалисти од областа на неонатологија, васкуларна и ендокринолошка хирургија. Истите би биле ангажирани во здравствени установи во Скопје, Велес, Струмица, Охрид, Штип.. Освен од јужниот сосед, министерството со веќе објавен оглас бара специјалисти и од Германија, Франција и Англија.
Надлежните велат дека целта е да дојдат лекари кои ќе работат методи што ги нема во македонскиот здравствен систем. Но има еден услов – сите да бидат со најмалку 10 годишно искуство.
Во земјава ќе имаат обезбедено сместување, надомест за патни трошоци како и плаќање на соодветен надомест согласно договорот што ќе го потпишат со министерството. Претходно ќе треба да достават св…а по направеното интервју ќе биде познато кои се методите што за прв пат ќе почнат и во Македонија.