Кристијан Голубовиќ којважи за жестоко момче од белградските улици и призна дека има направено повеќе криминални дела, според новинарот Миломир Мариќ не е ништо од тоа, туку само дава лажна слика за себе пред луѓето.
– Тој е манекен-криминалец. Не правел кривични дела. Никого не убил и ограбил. Јас познавав опасни луѓе, тој ги слушаше нивните приказни, како убивале и што правеле и сега ги раскажува како свои. Сите мислат дека е шеф на мафија, а тој е многу мек и залудно фрли толку години во затвор, вели новинарот.
Инаку, Голубовиќ неколку пати изјави какви убиства извршил, дека тие го убиле Кнеле, и раскажа неколку случки со мачење, тепање и тортури. Затоа и сега беше сослушан во полиција.