Ни пристигна пред врата: Нови наркотици го преплавија Балканот


Во изминатата година се појавиле 18 нови дроги – барем толку форензичарите успеале да детектираат. Но, велат дека вистинската состојбата е уште полоша. Можат лесно да се набават и легално да се купат, а нивното дејство е често посилно од класичната дрога.

Хрватската полиција, во соработка со царината и санитарната инспекција, минатата година запленила дури 18 нови видови на дрога, кои ги открил Центарот за криминалистички вештачења „Иван Вучетиќ“. Се верува дека на пазарот има и многу повеќе, бидејќи има и такви кои сè уште не се детектирани.kanibal droga

Нивната карактеристика е да го имитираат дејството на класичните дроги, но оние кои ги консумираат велат дека „удираат“ и многу посилно. Меѓу младите најпопуларни се синтетичките канабиониди, кои можат да се купат во „смарт-шоповите“ или на интернет, а главно се продаваат како декларирани освежувачи на воздух.

Сличен таков освежувач пушел еден 15-годишен ученик од Загреб, кој починал кон крајот на февруари откако ја запалил цигарата со која бил помешан освежувачот.

Акција била спроведена во девет градови во Хрватска: Загреб, Ријека, Задар, Шибеник, Сплит, Чаковац, Славонски брод, Копривница и Осиек, и во 14 објекти, односно „смарт-шопови“. Полицијата одземала 74 примероци, од кои во 66 била утврдена нова психоактивна супстанца.droga-najopasna-krokodil-zelena-03-630x420

Новите и сè поопасни други речиси е невозможно да се пронајдат во крвта или во урината, доколку не знаете што точно барате.

Тоа конкретно значи дека со анализа мора да се бараат сосема одредени хемиски супстанции или резултатите би можеле да бидат лажно негативни. Така, за актерите на бруталното силување во Подстрани се зборувало дека биле под влијание на некои од новите синтетички дроги, но резултатите од проверката на крвта биле негативни.

Центарот за криминалистика и форензички вештачења моментално не поседува адекватна методологија со која би можело веднаш да се препознае за кој опијат станува збор. Првиот чекор во тестирање на биолошките примероци е прелиминарно тестирање на пет главни групи опојни дроги, пренесува српски „Курир“.droga55

Тоа се: Опијати – меѓу кој најпроширен е хероинот, седативи, стимуланси – кокаин, амфетамин и деривати, канабиноиди – марихуана и хашиш, и халуциногени дроги.

Доколку станува збор за дрога која, според својот хемиски состав, не припаѓа во ниедна од овие групи и која содржи други супстанции, тестот не може да ги препознае. Тогаш се случува тестот да биде негативен.

Првата синтетичка дрога која пристигнала во Хрватска во 2005 година бил дериватот пиперазин, и веќе на прв поглед можело да се согледа дека станува збор за нешто ново.

– Беше различно од сето тоа што до тогаш сме го виделе. Таблетите изгледаа како да се од мермер и беа тврди како мермер. Потоа, дојде време за нови дроги, па во 2009 година настана вистински бум – рекла д-р Љубица Томашек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1