Ние сме Македоннци, зборуваме македонски јазик – Ние сакаме правда (Видео)


Ние сме Македоннци и зборуваме македонски јазик, имаме наша автентична македонска култура и немаме никави претензии кон Грција ниту кон која било друга соседна земја, ниту пак сакаме да наштетиме на било кого. Ние сакаме слобода, мир, просперитет на нашите граѓани. Ние сакаме правда. Ова го истакна денеска премиерот Никола Груевски во својот говор на Пелинце, каде присуствуваше на одбележувањето на 2-ри август.

gruevski_pelince-Многумина ќе речат нема правда во политиката, во животот, не е така. Луѓето ја создаваат правдата. Од луѓето зависи дали ќе бидат правични или не. Луѓето носат одлуки и знаат да направат разлика за тоа дали едно дело е добро или не, тие се моралниот суд и тие знаат многу добро која е вертикалата која ги движи.

Проблемот на Македонија не е само наш проблем тоа е е европски проблем. Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение, длабоко се лаже, рече Груевски.

Премиерот посочи дека Европа не смее инетерсот да го става над принципите и вредностите .

Така само ги подхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење и темелите на кои таа треба да почива. Време е Европа да погледне со поголемо внимани кон нас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1