Од полицијата барале да им го врати Фејсбук


Што да се прави кога ќе „падне“ страницата на вашата омилена социјална мрежа? Иако тоа ретко се случува, токму тоа се случи вчера попладне во Америка, а веста како „ургентна“ истиот момент ја пренесе ТВ мрежата Ен-Би-Си.

face kompjuterИ додека повеќето стрпливо чекале страницата одново да „проработи“, не бил мал бројот и на оние граѓани кои се јавувале во полиција и барале да им се врати Фејсбук.

Наредникот Бартон Брин од полицијата на Лос Анџелес „спас“ од ваквите телефонски повици пронајде на Твитер, каде напиша:

#Фејсбук не е во наша надлежност, ве молиме престанете да се јавувате затоа што паднал, ние не знаме кога ќе се врати ФБ!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1