Жељко Јоскимовиќ го напушти Икс Фактор


Втората сезона на „Икс-фактор“ стартува во март в година, но во улога на жири и ментор со сигурност нема да го гледаме Жељко Јоксимовиќ. Популарниот српски музичар на новите натпреварувачи и членови на жирито им поска многу среќа, пишува српски „Пулс“.

zeljko1-Хонорарот и темпото на исплаќање на истиот спаѓаат во домен на деловна тајна. Верувам дека и другата договорна страна ќе се придржува кон тоа, како што јас професионално ја извршив својата работа. На учесниците, потенцијалното жири во наредната сезона им посакувам многу среќа и успех – изјави Јоксимовиќ.

Продукциската куќа МБК, пак, која до сега го работеше популарниот формат за Балкан, се распадна, а работата на шоуто ќе ја преземе некој друг. Поединци кои беа ангажирани на проектот се незадоволни, како и повеќето натпреварувачи.

– Учесниците се незадоволни бидејќи не се исполнети многу ветувања. Единствено победникот Даниел Кајмакоски успеа да најде издавач, во меѓувреме се распаднаа „Доктори“, а Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ се уште чекаат нови песни– вели извор близок на продукцијата. Дел од сознанијата се потврдени од Кики Лесендриќ и Кристина Ковач, но сметаат дека е премногу рано да се зборува за учеството во новата сезона, додека Емина Јаховиќ, бидејќи моментално е на одмор се уште не се изјаснила за новонастанатата ситуација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1