Паника во Америка: Нивни државјани кои се заразени со ебола се враќаат дома


Пациентите со ебола пристигнуваат во САД, но ќе бидат во изолација. Американците поради тоа “полуделе” на социјалните мрежи, а меѓу познатите е’ и милијардерот Доналд Трамп.

Американскиот лекар др. Кет Брантли и хигиеничарката Ненси Рајтбол се борат за живот откако биле заразени со ебола. Специјално опремен авион “Gulfstream” пристигнал по нив во Либерија од САД. Американските власти не сакаат да откријат каде ќе ги носат.

ebolaМеѓутоа, Универзитетот “Emory” од Атланта потврдил дека ќе прими барем еден од заболените од смртоносниот вирус. Во “Emory” направиле специјална единица со висока изолација. Во самиот авион ќе има заштитни структури во вид на шатори.

Хуманитарецот се жртвувал за своите колеги 

– Др. Брантли неколку часа пред полетувањето се одрекол од дозата експериментален лек и го препуштил на колешката Рајтбол, долгогодишна мисионерка. И покрај серумот, нејзината состојба се влошила. Таа се наоѓа во стабилна, но тешка состојба. Брантли ќе прими трансфузија на крв од 14-годишно момче кое ја преживеало еболата, а кое го лечел токму тој. Иако постапката не е докажана.

Држете ги подалеку од земјава – Откако CNN објавиле дека авион полетал по нив, Американците “полуделе” на социјалните мрежи.

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести ја убедува јавноста дека пациентите ќе бидат целосно изолирани и дека нема да има никаков контакт со нив. Меѓутоа, Центарот во последно време имал низа пропусти, па така лекарите постапувале лошо со вирусот антракс. Шефот на лабораторијата неодамна добил отказ бидејќи ги изложил вработените на овој вирус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1