Ние сме Македонци – За идентитетот не преговараме, тврди Груевски


Ние за идентитетот не преговараме, ние сме Македонци, вели премиерот Никола Груевски во вечерашнава емисија на Миленко Неделковски на Канал 5.

g_gruevski2“Проблемот кој го имаме е постар од 100 години. Тоа можат да го потврдат историчарите. Ние се фокусираме на овие преговори и така ќе биде во иднината. Односите не се нарушени заради нас и сега, туку во моментот кога на референдум граѓаните изгласаа да се викаме Република Македонија. Тогаш Грција наметна осцилации во односите. Јас наследив ситуација во која имаме времена спогодба, проблем во кој Грција наметнува проблем со името. Некој вели дека ние не сме способни да го решиме проблемот, но ако е тоа лесно зошто проблемот не го решиле моите претходници? Она што јас го говорам е дека ние сме Македонци. Јас не сум рекол дека сме Словени или антички Македонци, ние сме Македонци. Нашата етно генеза е резултат на постоење на многу цивилизавции во вековите зад нас. Ние говориме јазик кој има корени од словенскиот јазик. Тоа не го негираме, туку се гордееме со тоа“, рече премиерот. 

Груевски посочи дека е важно проблемот со името да се надмине, но без последици за народот на Република Македонија. Нашите сограѓани од сите националности покажаа разбирање и не го злоупотребуваат проблемот, истакна тој.

“По ова прашање постои солидарност и сите заеднички се обидуваме да го надминеме ова прашање. Со ДУИ разговараме за ова прашање, сите сме дел од оваа држава и проблемот треба заедно да го решаваме. Најважно е да се надмине проблемот без штета по нашиот идентитет и на начин кој ќе го одобрат нашите граѓани“, истакна Груевски.

Кога ќе има разумен предлог, прашањето ќе се стави на референдум. Сите напори да се реши ова прашање премиерот, како што истакна, ги цени и нивната помош ќе биде прифатена.

“Барањето за промена на име е во директна корелација со промена на идентитетот. Кога Груевски истакна дека е подготвен за средба со колегите од Грција со цел што побрзо да се најде решение за спорот.

Нетпрес

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1