Министерството за здравство доцна вечерва во соопштение инфомираше дека на 4 септември група од 8 лица кои допатувале од Нигерија се задржани на аеродромот Александар Велики под сомнение дека се заболени од ебола. На термалната камера на аеродромот биле детектирани две лица со покачена температура.
Станува збор за студенти со престој во Македонија. Согласно прописите лицата се задржани во изолација но набрзо телесната температура им се намалила по што биле пуштени да отпатуваат до крајната дестинација. Кај уште едно лице од групата кое престојува во Охрид денеска му е констатирана висока температура, по што е изолирано на Клиниката за инфективни болести.
Надлежните смируваат дека нема простор за паника, но состојбата на студентите ќе се следи во следните 21 ден, период колку што трае инкубацијата.