Нигериски студенти сомнителни на ебола хоспитализирани на Инфективна


Министерството за здравство доцна вечерва во соопштение инфомираше дека на 4 септември група од 8 лица кои допатувале од Нигерија се задржани на аеродромот Александар Велики под сомнение дека се заболени од ебола. На термалната камера на аеродромот биле детектирани две лица со покачена температура.

infektivnaСтанува збор за студенти со престој во Македонија. Согласно прописите лицата се задржани во изолација но набрзо телесната температура им се намалила по што биле пуштени да отпатуваат до крајната дестинација. Кај уште едно лице од групата кое престојува во Охрид денеска му е констатирана висока температура, по што е изолирано на Клиниката за инфективни болести.

Надлежните смируваат дека нема простор за паника, но состојбата на студентите ќе се следи во следните 21 ден, период колку што трае инкубацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1