Ник Кејв првпат проговори за трагичната смрт на 15-годишниот син


Легендарниот пејач Ник Кејв по првпат отворено проговори за губитокот на 15-годишниот син Артур, кој пред една година падна од карпата додека беше под дејство на дрогата ЛСД.arthur-cave-1024

Во трејлерот за новиот документарец на Ник „One More Time with Feeling“, кој го следи снимањето на новиот албум со бендот „The Bad Seeds“, 58-годишниот пејач вели дека оваа трагедија имала погубно влијание на животот на неговото семејство.

– Повеќето од нас не сакаат да се променат. Но, што ќе биде кога ќе се случи нешто толку катастрофално за да мораш да се промениш? Од личност која е позната да станеш непознат, па кога ќе се погледнеш во огледало, дали ќе препознаваш каква личност си бил? – вели Ник во филмот.

Новиот албум „Skeleton Tree“ ќе биде објавен на 9 септември, а документарецот ќе се појави во киносалите ден порадно.

Артур Кејв почина во јули 2015 година откако падна од карпата во Брајтон, Англија. Свиреше тапани и се појави со татко му во филмот „20.000 дена на земјата“.

– Беше прекрасно, среќно момче полно со љубов – рече Ник Кејв во својата изјава по трагедијата.

Артур зад себе ги остави и мајката Сузи Бик, братот близнак Ерл, и двајцата постари полубраќа Џетра и Лука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1