На улицата Лазо Трпковски во Топанско Поле , поточно на кружниот тек во ова населба што под надлежност на град Скопје денеска се постави „Двоглав Орел“, јави Либертас.
Нема информација кој го поставил постаментот но веднаш реагираа од градежната инспекција на град Скопје.
Град Скопје соопшти дека веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упатил официјално барање до Државниот градежен инспекторат да се отстрани.
Постаментот на кој има двоглав орел е поставен на кружниот тек помеѓу улиците Лазо Трповски и Втора Македонска Бригада.
„Се надеваме дека Државниот градежен инспекторат во најбрз можен рок ќе го разреши овој случај“, велат од Град Скопје.