Никнаа првите билки на Месечината, еве како изгледаат


На Месечината никнаа првите билки, што е првпат некоја биолошка супстанција да израсте на тој сателит на Земјата, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.

Семето од билките на Месечианта ги однесе кинеската мисија „Чанге-4“ која е прва мисија на темната страна на Месечината.

Билките и претходно растеле на Меѓународната вселенска станица, но никогаш на површината на Месечината.

Тоа би значело дека астронаутите би можеле да ја користат како храна од сопствено производство во вселената, смалувајќи ја со тоа потребата да се вратат на Земјата за да се снабдат со продукти.

Кинеските државни медиуми објавија во вторникот дека од семенки од памук никнале први никулци.

Официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина објави на Твитер и први фотографии од никулците.

Тие исто така напишаа: „ова е првиот биолошки експеримент на човештвтото на Месечината“.

Фред Вотсон, астроном од австралиската опсерваторија за Би Би Си изјави дека ова се „многу добри вести“.

„Овој успех укажува на тоа дека можеби во иднина нема да има некои непремостливи проблеми за астронаутите да сеат во контролирани услови сопствени посеви на Месечината“, заклучи тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1