Никој не смеел да му писне на Тито за три работи


Тито најмногу сакал да игри каде што има само еден противник, па затоа често играл шах и тенис..

Музејот на историјата на Југославија секојдневно се полни со туристи, кои доаѓаат да ја посетат институцијата во која се чуваат спомени од доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Момо Цвијовиќ и Веселинка Кастратовиќ Ристиќ едни од вработените во музејот, дошле до идеја да ги изложат предметите кои Тито најмногу ги користел. При одбирањето на предметите, тие сакале луѓето да навлезат во приватниот живот на Маршалот и да дознаат каква личност бил тој за време на неговото претседателство.

josip_broz_tito

Изложбата била тематски пе поделена на пет целини: Човек со стил, Средби, Патувања, Хедонизам и Друже Тито ние ти се колнеме. Изложени се 61 предмет, како и 128 штафети, кои му ги добивал за 25 мај, Денот на младоста.

Меѓу експонатите се нашле и цилиндарите кои ги носел Броз, костумите, чевлите, но и деталите по кои бил специфичен, како што се наочарите за вид, запалките и украсните игли за вратоврски. Цвијовиќ го истакнал и упатство за начинот на работата на претседателот и за тоа како изгледал еден негов работен ден.

tito7

– Интересно е тоа дека се спомнати само три ситуации во кои претседателот воопшто не сакал да го вознемируваат, а тоа се додека гледал филм, кога бил во фото лабораторијата и додека бил на плажа, изјавил Цвијовиќ.

Токму ова укажува на фактот колку Тито знаел да ужива во својот живот, а познато е дека сакал да гледа филмови. Дневно гледал по два, три филмови. Најголем дел од денот Тито ги извршувал своите државни обврски, како што е примање пошта, одговарање на писма и држење состаноци, а кога одмарал знаел и да заигра некој спорт.

titobere2

Тито најмногу сакал да игри каде што има само еден противник, па затоа често играл шах и тенис. Во архивата на музејот се наоѓаат многу фотографии на кои е прикажан Тито во своите слободни активности.

– За животот на Тито е сочувана фантастична документација и архива на фотографии, а не знам дали е тоа случај и со денешните претседатели. Проблемот е во начинот на живот. На изложените фотографии пред сè се гледа дека Тито имал време, бидејќи по протоколот постоеше слободно време, а меѓу останатото имал време и за средби со фоторепортерите – време кое денес воопшто го нема, изјавил Цвијовиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1